Историја

Нашата мисија

Се стремиме кон постојано следење на потребите на потрошувачите и одржување на довербата која кон нас ја имаат тие. Тенденција на Млекара Здравје Радово е на пазарот да понуди висок квалитет на млечни производи кои придонесуваат за подобар живот на луѓето.

Нашите основни цели

  • Производство на безбедни, квалитетни и оригинални производи во безбедна и здрава работна средина.
  • Пласман на производи кои ќе ги задоволат потребите на современите потрошувачи
  • Грижа за животната средина

Нашите вредности

Целосно почитување на законските прописи и безбедноста во производството што гарантира производи со високи стандарди. Императив во работењето е и почитување на вработените и деловните партнери.

Покрај другото, би се напомнале и следниве вредности:

Врвен квалитет

Врвен квалитет во сите области, почнувајќи од суровините, производството, дистрибуцијата, маркетингот и продажбата

Највисоки стандарди

Највисоки стандарди во секој дел на работењето со цел обезбедување долгорочен успех

Доверливост

Доверливост и партнерски однос со нашите соработници и партнери

Грижа

Грижа за подобрување на условите за работа по најновите стандарди

Заштита

Заштита на животната средина

Општествена одговорност

Општествена одговорност и поддршка на поединци, неформални групи и организации на кои им е потребна помош.